Миењето на овошјето и зеленчукот е најдобриот начин за да го намалите ризикот од заболувања кои можете да ги добиете со внесување на штетни материи со храната.

Ова се најсигурните постапки за правилно миење на овие намирници:
1. Добро измијте ги рацете со топла вода и сапун пред и после подготовката на храната.
2. Со топла вода и сапуница исчистете ја работната површина на кујната, штицата за сечење и приборот за сечење и лупење пред и после сечењето и сечкањето.
3. Немојте да го миете овошјето и зеленчукот со сапун и детергенти за миење садови, користете само чиста вода за пиење.
4. Овошјето и зеленчукот со дебела лушпа истријте го со мека четка или сунѓер, тие ќе помогнат да ги измиете бактериите кои инаку, тешко се отстрануваат.
5. Брокулата, карфиолот, зелената салата… потопете ги две минути во студена чиста вода, потоа кусо исплакнете ги.
6. Малините немојте да ги миете со вода, попрскајте ги со дестилирана вода.
7. После миењето овошјето и зеленчукот исушете ги со чисти хартиени марамчиња, така ќе ги отстраните преостанатите бактерии.
8. Ако планирате да јадете јаболко надвор, земете си шише вода и со неа измијте го овошјето.
9. Мијте ги сите овошја и зеленчук, без разлика дали е од вашата бавча или сте го купиле во продавница или на пазар.
10. Нема потреба да ги миете спакуваните производи со етикета „измиено и подготвено за употреба”.