Според извори во службите за безбедност, истрагата ја довела полицијата до бриселската населба Моленбек, и до куќата во која во моментот на апсењето се наоѓал Абдеслам.

Постоело сомнение дека во куќата престојувал поголем број на луѓе, откако една жена нарачала неколку пици, пренесува веб страната Politico.

Отпечаток од прстот на Абдеслам бил пронајден на една чаша, што ја уверило полицијата дека тој сè уште се наоѓа во Брисел.

Во текот на акцијата, Абдеслам бил полесно ранет во нога, а уапсени биле вкупно пет лица, меѓу кои тројца членови на истото семејство кое го криело терористот.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, вчера изјавил дека апсењето на Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите изведени во ноември 2015. година во Париз, “е само еден чекор” и дека има уште работа во борбата против тероризмот.

Интерпол вчера предупредил 190 држави да го зголемат вниманието на границите, бидејќи соучесниците на Абдеслам, кои сè уште се на слобода, би можеле да се обидат да побегнат