Како најбогатите на светот си ЧЕСТИТААТ РОДЕНДЕНИ (ВИДЕО)

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на милијардерот Ворен Бафет по повод неговиот 90-ти роденден, направи торта Орео со која му ги испрати неговите честитки.
Гејтс објави видео на Твитер во кое му се обрати на својот пријател Бафет. А на површината на тортата беше исцртан ликот на Бафет.
„Ворен, среќен 90-ти роденден“, рече Гејтс.
Бафет е познат по тоа што сака слатки и консумира многу кока-кола. Тој е еден од големите инвеститори во Кока-Кола, а има и своја фабрика за слатки позната како „See’s Candies“
Според Си-Ен-Ен, Гејтс и Бафет долги години е блиски пријатели.
Гејтс не случајно одлучи да направи торта Орео. Тој на својот блог напиша дека еднаш го пронашол Бафет како го јаде ова омилено колаче за појадок.
Happy 90th birthday, Warren! pic.twitter.com/8nH2EulTR4
— Bill Gates (@BillGates) August 30, 2020