x

„Како мислите да држиме дистанца при изведување на корнер?“

Напаѓачот на Брајтон, Глен Мареј еден е од оние кои се против скоро враќање на Премиерлигата. Лигата е суспендирана од март, а првичниот датум за продолжување е 8. јуни.

Ќе има посебни протоколи и правила на игра, а една од нив ќе биде дистанцата меѓу играчите. Публика ќе нема, ќе нема ракување, ниту радување при головите. Но, Мареј смета дека е невозможно да се одржи дистанца на теренот.

„Фудбалот не се само играчите на теренот и на клупата. Тука има и други луѓе кои се грижат за организацијата на мечот. Мислам дека во ризик ставаме многу луѓе“, смета Мареј.

„Слушнав дека мора да се држи социјална дистанца. На тренинзите и пред натпреварите тоа е можно. Но еве, некој нека ми каже како да се држи дистанца на корнери и слични работи?“, прашува Мареј.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата