Пејачката Ријана ги остави сите без зборови со последните фотографии на кои позираше во празнична долна облека.

Обично во пресрет на празниците се преферира црвената боја, но пејачката се одлучила за сина и бела боја.

„Savage x Fenty“ објави слики од Ријана во празнична секси долна облека.

Седната на санка, со килим од овча кожа и новогодишна елка до нејзе Ријана личи на „ледена кралица“, облечена во комплетот.

Ријана ја искомбинирала долната облека со бела јакна и сребрени потпетици.