x

Како капитенот и Миркуловски верува во Кузмановски (ФОТО)

Селекторот Данило Брестовац можеби е скептичен околу тоа колку Кузмановски, Талески и останатите помлади репрезентативци можат да му дадат на Европското првенство во Виена, но затоа најискусните наши ракометари веруваат во оние кои се иднината на македонскиот ракомет.

Откако капитенот Кирил Лазаров застана зад момците кои го освоија шестото место на СП во Алжир, поддршката пристигнува и од искусниот среден бек, Филип Миркуловски кои долги години беше креатор на играта во националниот тим.

Миркуловски објави фотографија на Инстаграм заедно со Кузмановски на која напиша „Спремен да блесне“ и така ја искажа својата поддршка за момците на ЕП.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата