Таканаречениот “Ѓуленов коридор” кој се протега по трасата БиХ-Санџак-Косово-Македонија-Албанија, доста е вмрежен, а два главни столба се на Косово и во Сараево. Што се однесува на Србија, делувањето на Ѓулен најдобро упориште има во СДА Санџак, тврди соговорник на Спутник.

Водачот на организацијата ФЕТО наводно има свои пипци и во Србија.
Ергоган, за време посетата на претседателот Александар Вичиќ на Турција се заблагодарил на Србија на јасниот политички став спрема Ѓулен.

Организацијата ФЕТО делува низ целиот Балкан главно преку образовните институции и хуманитарни мисии, со што тешко е да и се влезе во трага. Дури и кога ќе се “лоцираат”, тешко е да се докаже директната поврзаност со Ѓулен. А ако се утврди, веднаш, помали американски фирми кои ги “откупуваат училиштата на Ѓулен, при што продолжуваат да работат.

Таков случај имало во БиХ минатата година, кога образовната институција “Босна Сема”, која е поврзана во директна врсака со Ѓулен, ја преземала непозната американска фирма US Global invest LLC”. Таа компанија ги “купила” сите 15 претшколски институции, основни и средни училишта и факултети кои се поврзани со ФЕТО.

“Проблемот со ѓуленистите може да биде проблем и за Србија. Она што е позитивно во односите Србија – Турција се инвестициите и сериозно ублажување на реториката во врска со самостојноста на Косово, и воопшто со поимот Санџак. Позитивен е и начинот на кој Турција сака да биде присутна во Србија – инвестиции, а во Бих – врски и национален сентимент кај Бошњаците. Тоа значи дека Ердоган очекува во тој правец лојалност и од едните и од другите.

Дополнителен проблем е т.н. “прелевање” на Ѓуленовите организации низ регионот. Таканаречениот “Ѓуленов коридор” се протега по трасата БиХ-Санџак-Косово-Македонија-Албанија, е вмрежен, а два главни столба се на Косово и во Сараево.

Ѓулен кој има прекар “исламски Сорос”, има движење “Низим”, кој е јако во Босна, а соработува и со косовското движење “Мехмет Акиф” кој е како што пишуваат косовските медиуми, близок со Аљбин Курти. Во тој контекст се поврзува и неодамнешното одењето на Курти во Босна при што се сретнал со Бакир Изетбеговиќ, како и одење на гробот на Алија Изетбеговиќ.

Исто така и во Македонија постојат девет организации за кои Анкара бара да им се забрани работење бидејќи се поврзани со Ѓулен.

Се наведуваат училиштето “Јаха Кемал”, неделникот “Земан Македонија”, организацијата “Седеф”, здружение на бизнисмени, туристичка агенција “Башак”, транспортната компанија “Фејнбоу”, трговскиот ланец “Евар”. На тој список се фондациите “Шафак” и “Толеранс”, кои ги раководи студетски интернет во Македонија.

Ѓулен своите планови ги шири по пат на апликацја за отварање на НВО, образовни програми , но обилно делува и во областа на мањинските и верските права.