x

Како за крај на годината: Прва гостинска победа на Еурофарм Работник

Првиот дел од дебитантска сезона во СЕХА лига, ракометарите на Еурофарм Работник ја завршија со прва гостинска победа против Спартак Москва, 33:21 (19:11). Со тоа “фармацевтите” настапот во групната фаза од регионалното натпреварување го завршија на четвртата позиција во групата Б и во осминафиналето ќе се соочат со хрватскиот вицешампион, Нексе.

Битолскиот тим најголемиот дел од работата го заврши во првото полувреме, кога со неколку мини-серии прво дојде до +6 (11:5), а потоа и до највисоките девет гола предност, 19:10, а на полувремето замина со 19:11.

По само осум минути во вториот дел “фармацевтите” имаа двоцифрени 23:13, па до крајот се беше рутина за нив.

Граџан со седум погодоци, како и Ѓукиќ и Велковски со по пет гола беа најефикасни кај Еурофарм Работник.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата