Конечно, сакате добро да се облечете за ноќно излегување и барем малку да ги истакнете своите атрибути, ама се плашите на крајот да не изгледате премногу евтино. Како да се постигне рамнотежа и постои ли таа воопшто!? Постои фина линија меѓу привлечниот изглед, од една, и облекувањето кое може да испрати погрешна порака, од друга страна. Кога доаѓаат викендите и времето за забава, пуштете ја фантазијата, бидете забавни, секси, доволно смели… Ама-кога одбирате облека, поставете си ги себеси следниве прашања: *Дали би имала негативен впечаток за некоја личност кога би ја видела облечена во иста облека што ја носиш и ти? *Може ли она што го носиш да привлече погрешни луѓе? *Дали се облекувам како жени за кои и самата мислам дека изгледаат како моралот да им е посилна страна? *Дали чуствувам дека мора да се облекувам вака само за да привлечам внимание? Ако на овие прашања искрено одговорите со не, тогаш тоа што го носите е во ред.