На секој од нас му се случило да испрати порака по грешка или на пијано. Досега немаше начин истата да се избрише, но добрата вест е дека од сега е возможно.

Досега можеше да се избрише порака само на апликацијата Messenger, но сега има лек и за Web четот. Првиот услов за да може да ја избришете пораката е вашиот пријател да не ја прочита пораката, што може да се провери – доколку не ви се појави Seen. Во тој случај треба да го деактивирате профилот во рок од 3 часа и потоа повторно да го активирате. Со деактивацијата на профилот во толкав временски период ќе биде доволно за Facebook да ја избрише пораката во сандачето на човекот што ја испративте.