Нечие однесување или тон на глас значително се менува

За ова, потребно ви е да знаете како некој вообичаено зборува. Ако за прв пат се среќавате со некого, тогаш најпрвин поставете му неколку прашања на кои го знаете одговорот или соговорникот нема апсолутно никаква мотивација да лаже за нив. Исто така, добро е да знаете дали некој обично зборува брзо или бавно. Кога ќе бидете начисто со тоа каков е нечиј стил на говор, поставете му поосетливи прашања или оние на кои сакате да откриете дали тој лаже. Вашиот соговорник или ќе го смени тонот на гласот, или брзината со која зборува или пак ќе покаже некои други слични знаци кои отстапуваат од неговото нормално говорно поведение.

Личноста одбегнува да каже „ЈАС”

Кога луѓето сакаат да скријат или излажат нешто многу поретко ја употребуваат личната заменка „Јас” отколку кога ја кажуваат вистината. Наместо тоа, неретко ќе ги чуете да зборуваат и во трето лице за себе или пак ќе прават кратенки во говорот на местата каде што треба да стои заменката. Односно, ќе сторат се да го избегнат свесното или потсвесното чувство на вина и да направат психолошка дистанца од лагата.

Личноста што лаже има одговор за се

Повеќето луѓе, ако ги прашате што правеле минатата недела ќе мора малку да се замислат да им текне. Тоа е точно дури и за тинејџерите. Затоа, ако некој знае дека ќе разговарате на одредена тема и го знае одговорот на вашите прашања веднаш распалувајќи како од топ, тогаш треба да се замислите дали претходно ги извежбал одговорите што сака да ви ги каже а вистината лежи на друго место.

Ако личноста се гужва, се стиска, и очигледно е нервозна

Ако некој не може да се спречи себеси во правењето на случајни физички постапки за кои нема никаква потреба, интензивно си ги чисти очилата на пример, си ги врзува врвките иако биле добро врзани или ја чисти веќе исчистената маса, тогаш веројатноста дека лаже е многу голема. Чувството на вина и анксиознота не и даваат мира на таа личност. Ова особено се случува ако таа лаже некого што го сака или и е драг. Ако некој лаже собраќаец можеби и нема да прави премногу вакви движења, но ако се лаже партнерот, тогаш нервозата ќе направи да не може мирно да седи.

Ако некој ја нагласува својата искреност

Лажгото, за да ни ја продаде лагата, честопати ќе користи фрази од типот „искрено кажано”, „да бидам совршено искрен” и слични на нив, со кои ќе сака да ја нагласи валидноста и интегритетот на кажаното. Понекогаш овие лажговци ја вмешуваат и религијата. Ако некој премногу се колне во библијата или употребува фрази од типот „жими бога”, „господ ми е сведок” и слични, тоа е знак дека нешто не е во ред. На повеќето луѓе ако кажуваат некоја работа не им треба да одат толку далеку.

Ако нешто ви е сомнително, обрнете внимание на деталите, во нив обично се крие ѓаволот.