Српскиот фудбалер Душко Тошиќ открил како преживеал животна драма во Кина поради корона вирус кога букнал во таа држава.

Тошиќ за турскиот весник “Фанатик“ детално опишал како морал да ја напушти Кина.

Знаевме за корона вирус, се обидовме да бидеме внимателни. Сепак после тренинг ми пријде тренерот и рече “Кога ќе завршите веднаш се враќате дома и без задржување. Во тој момент сите летови од Кина почнаа да се откажуваат еден по еден, но некако успеав да пронајдам последен на компанија “Turkish Airlines”, ја започнал приказната Душко.

Патот кон аеродромот посебно му оставил впечаток.

“Тоа што го видов беше невероватно. Тоа беше како да е крај на светот… Но и тогаш не чуствував страв. Навивачите на Бешекташ за мене имаа прекар “Тенк“, а тенкот не се плаши од ништо. Останав смирен колку што тоа беже возможно“.

Слетал во Истамбул, од каде што се упатил за Србија…

“Подоцна отидивме тренираме во Дубаи, Лигата е одложена, а некои играчи полека почнаа да се враќаат додека вирусот се ширеше по Европа“.

Проблем Тошиќ имал што неможел да се втари во Кина.

“Играчи како што се Грацијана Пелеа, Оскар, Хулка, АндерсонТалиске и Марко Арнаутовиќ неможат да се вратат во Кина исто како и јас, бидејќи нема летови. А мора да се вратиме некако. Сите имаме договори со нивните клубови“, рекол Тошиќ и признал дека осум дена не ја напуштил куќата во Белград.