x

Каков цар: Рој Хоџсон продал погрешен играч

hodson-kacaniklic-e1596172662691

Ливерпул имаше неславна епизода со Рој Хоџсон на клупата во сезоната 2010/11. Искусниот англиски тренер едноставно се изгуби на „Енфилд роуд“ и издржа едвај 20 натпревари и доби отказ откако запиша само пет порази. Го напушти клубот по само четири бода од зоната за испаѓање после шест месеци владеење.

А за време на својот мандат Хоџсон успеа да направи нешто што и многу навивачи на Ливерпул не слушнале до сега. Всушност тоа е засрамувачки потег. Имено Хоџсон продал погрешен фудбалер. Како?

Кога пристигнал на „Енфилд“ летото 2020 година, Хоџсон сакал да го донесе дефанзивецот Пол Кончески од својот поранешен клуб Фулам. Трансферот чинел 3,5 милиони фунти. Како дел од договорот Лаури Дала Вале и Александар (Алекс) Качаниклиќ заминале на „Крејвен Котиџ“.

Тука нема ништо чудно се до моментот кога сватил дека продал погрешен Александар. Според Качаниклиќ, Хоџсон сакал да продаде друг Алекс, а не него!

Швеѓанецот тогаш играл за младинскиот тим на Ливерпул, а и Фулам се изненадиле кога виделе дека Хоџсон им го праќа токму него и не се противеле. Имено, Хоџсон сакал да го испрати во Фулам Алекс Купер, но ги измешал „лончињата“ и го пратил Швеѓанецот кого исто така го викале Алекс на скратено.

Кога бев во Фулам и потпишав, зборував со Рој Хоџсон преку телефон и тој ми рече дека го одбрал погрешниот Алекс. Во својата глава мислеше дека продал друг Алекс за Кончески, а не мене.Но веќе беше предоцна, грешката беше направена и нема враќање. Колку забавно!“, изјави Качаниклиќ.

Швеѓанецот добро се снајде во новата средина, одигра 100 натпревари за Фулам во Премиер лигата и Чемпионшип, а играше и како позајмен во Норич и Барнли. Во 2016 година отиде да игра за Нант, а во февруари 2019 се врати во татковината и потпиша за Хамарби каде што е и денес.

Тој одигра 21 натпревар за шведската репрезентација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата