x

Каков малер: Азар повторно се повреди

hazard-real1

Еден Азар го напушти натпреварот меѓу Реал Мадрид и Алавес по само 28 минути игра во првиот дел кој „кралевите“ го загубија со 1:0.

Зинедин Зидан мораше да го замени Белгиецот, а првите информации од Шпанија велат дека Азар повторно е повреден. Со оглед на тоа што Азар ја промаши скоро целата полусезона оваа сезона поради повреди и настапи само пет пати, оваа нова повреда ќе биде уште едно огромно разочарување за сите во клубот.

Имајќи предвид дека за него беа платени 100 милиони евра летото 2019 година, Азар воопшто не ги оправда вложувањата во него.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата