За оние кои заборавиле, лани во ВМРО ДПМНЕ се појавија неколкумина кои себеси се нарекоа реформисти во партијата и прва политичка платформа им беше напад врз претходното раководство на Никола Груевски, исто како и на сегашното предводено од Христијан Мицкоски, поддршка за Катица Јанева и СЈО, извинување до СДСМ и проект нов шеф на ВМРО ДПМНЕ да се постави поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Проектов не успеа бидејќи не беше прифатен не само во ВМРО ДПМНЕ туку и во пошироката јавност која во нив препозна уфрлени лица за потреби на СДСМ, а лидерот на тие “реформисти“ Петар Богојевски беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и исклучен од партијата. Дека биле во право и со добра проценка потврдува и денешниот Фејсбук статус на Петар Богојевски кој е импресиониран од изборот на нов потпретседател на СДСМ во ликот и делото на анонимниот локален музичар Коста Петров без видна трага во музичкиот свет, кој е со сомнителен авторитет дури и за симпатизерите на СДСМ кои по социјалните мрежи покажаа широк отпор против овој избор.

Еве што Петар Богојевски – Бонтур напиша на Фесјбук за изборот на новиот потпретседател на СДСМ:

Коста Петров, прво честитки на изборот за потпретседател на СДСМ! (закаснето со причина!)

Не ти честитав од љубомора, но не на тебе, туку на Заев, што успеа да те мобилизира, а ние не успеавме да те имаме во наш тим!!! Закаснивме и жал ми е, а на тебе ти посакувам голем успех, во се што ќе правиш понатаму во животот… знам дека ќе биде чесно и посветено!

Љубомората сеуште ме држи, но не можам да ги поднесам овие тенденциозни избливи на љубомора, поплавени со омраза кон тебе, од страна на мои сопартијци и нивни идеолошки браќа од СДСМ, чеда на црвената аристократија! Тие ништо не направиле во нивните животи! Се им е поклонето! Затоа те мразат! Остави ги! А вие хејтери засрамете се!!!

Коста, иднината на Македонија е во рацете на момци како тебе, кои започнале од ништо, без вујко владика, а направиле империја со сопствени две раце!!! 
Те запознав за време на реформите во ВМРО ДПМНЕ, твоите совети до денес ги помнам, ти благодарам на нив!

П.с. Ќе пукнам од мака што те лапна Заев!