x

Какво дерби на Казабланка: Осум гола и луда кореографија! (видео)

Двата најдобри марокански клубови се соочија еден против друг. Видад против Раџа. Два клуба кои се од Казабланка и се лути ривали и имаат голема армија на навивачи. Спектакуларно дерби одиграа овие два тима во реваншот од осминафиналето на Арапската ЛШ. Мечот заврши со резултат 4:4, а Видад водеше со 4:1.

Првиот меч, на теренот на Раџа, заврши 1:1. „Зелените“ на реваншот постигнаа гол во 94 минута со кој го изедначија резултатот и се пласираа во четвртфиналето. Од радост стадионот за малку ќе се урнеше. Интересно, до 74. минута домаќинот водеше со 4:1, а потоа му се случи колапс.

А навивачите имаа свое шоу. Комплетно го засенија дербито со осум голови. Спектакуларни кореографија, запалени факели, навивачки песни… Да ти е мерак да гледаш.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата