x

Какви критики: Шаќири не е шампион, добива милиони, а не работи ништо!

По цели 30 години Ливерпул стана првак, не треба да се трошат зборови кој се од играчите е најзаслужен. Еден од оние пак кои имаа мала минутажа беше Џердан Шаќири, репрезентативецот на Швајцарија. Така велат бројките.

По повод настапот на Шаќири во текот на тековната сезона, интересен коментар од Швајцарија, и тоа од тренерот Арно Росини кој просто го “закопа“ својот сонародник.

Џердан не е шампион. Никако не можеме да кажеме дека тој оставил трага во тимовите каде што играл, барем не во оние поголемите. Порано во Базел, да, но не и во Баерн и Ливерпул. Тој добива милиони, а не работи ништо. Секако дека оваа варијанта е добра за него. Си седи на клупа или на трибини, банкарската сметка си ја полни, витрината исто така си ја полни со трофеи, но за десет години кој ли ќе се сеќава на него“ потенцираше Росини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата