x

Каква среќа за Ливерпул: Анчелоти ги одбил „редси“ во 2015, па го ангажирале Јирген Клоп!!!

Некогаш навистина треба да имаш среќа како клуб. Понекогаш е подобро некој тренер да ја одбие твојата понуда, а ти да го земеш и да поставиш на клупата некој што е втора или трета опција.

Карло Анчелоти пред неколку денови дојде во Евертон, а за тамошните медиуми изјавил дека во 2015 година Ливерпул го барал за тренер, но тој го одбил тимот од „Енфилд“.

По „корпата“ од Дон Карло, Ливерпул се свртел кон Јирген Клоп како втора опција и не погрешил. Сега Германецот е легенда на Ливерпул. Создаде страшен тим кој гази се пред себе и по 30 години конечно ќе ја донесе титулата во Премиер Лигата. Беше и учесник во двете последни финалиња во ЛШ, а лани во јуни во Мадрид и го освои.

Којзнае каков ќе беше Ливерпул со Карло Анчелоти на клупата?

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата