Во рамките на работилницата свои излагања ќе имаат проф. д-р Лидија Наумовска – “Професионална ориентација и кариера”, проф. д-р Живко Андревски – “Професија, занимање, образованост” и проф. д-р Билјана Тодорова – “Правна сигурност на работниот однос како фактор за избор на работното место, односно за засновање работен однос” и “Верување дека ќе се почитуваат законските и договорените услови”.

Основни цели на работилницата се добивање сознанија за размислувањата за конкретната тема, поттикнување за соочување на желбите и можностите, помош во насочувањето, проверка дали меѓу младите е познато дека е убаво да го работиш тоа што го сакаш, но е потребно и да го сакаш тоа што го работиш и медиумска афирмација.

Најдобрите, чија тематска елаборација се совпаѓа со содржината на работилницата, ќе добијат комплети книги.