КАКВА МАЈКА, ТАКВА ЌЕРКА: Карис е девојката за која многу се зборува (ФОТО)

Кетрин Зета Џонс сподели фотографија од ќерка си Карис. Нејзините фанови и медиумите веднаш се заинтересираа за оваа девојка.
Таа пред две години се појави заедно со мајка си на ревија на „Долче и Габана“ од Висока мода и уште тогаш се појавија коментари дека Карис е новата миленичка на дизајнерите.
Две години подоцна, таа е сè посериозна за својата кариера како модел.
Некои велат дека личи на Мајкл Даглас, додека други сметаат дека ја наследила убавината од мајка си.