x

Каква доминација: Баерн освои повеќе од половината титули од основањето на Бундес-лигата

Баерн Минхен не само што остана на тронот , испиша историја. Баварците им поставија тешка задача на останатите германски клубови, освоија повеќе од половината титули од формирањето на Бундес-лигата. Клупските витрини ги збогатија со 29-тата титулата од вкупните 57 од постоењето на Бундес-лигата која е основана во 1963 година. Тимот од Минхен има вкупно 30 титули.

Баварците станаа само вториот тим во историјата на петте најдобри европски првенства кој освоил 8 национални титули по ред, почнувајќи од сезоната 2012/2013, па се до оваа, 2019/2020. Баерн е третиот клуб во историјата на најдобрите пет европски лиги во однос на бројот на освоени национални првенства.

На првото место на оваа листа е Јувентус кој 35 пати стана шампион на Италија, по што следуваат Реал Мадрид (33), а новиот шампион на Германија, Баерн ги затвора првите три на листата со вчерашната 30-та титула.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата