Бразилскиот репрезентативец Кака упати писмо до челниците во Бразилскиот фудбалски сојуз со молба да биде изоставен од списокот на играчи кои ќе настапат за “кариоките” на Купот на Америка. Плејмејкерот на Милан во писмото вели дека главната причина за неговото неиграње во репрезентацијата е уморот.

– Мислам дека тогаш кондицијата нема да ми биде на саканото ниво, а не сум паузирал во последните три сезони. Со писмото и официјално побарав да не бидам на списокот на Дунга, изјави Кака.

Купот на Америка ќе се одржи во Венуцуела од 26 јуни до 15 јули, а за репрезентацијата Кака последен пат настапи на СП 2006 во Германија.

Кака до крајот на сезонава го очекува борба за 3. место во Серија А, како и финалето во Лигата на шампионите со Ливерпул на 23 мај во Атина. За Милан сезонава тој одигра 30 средби во првенството, 14 во ЛШ и 4 во Купот на Италија.