Во текот на изминатото деноноќие,  по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 517 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Во моментов во земјата активни се 1.920 случаи на заразени со коронавирус. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 15.694, бројката на оздравени пациенти е 13.128, а на починати е 646 лица.

извор: Makfax