Скопското обвинителство поднесе 31 предлог за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 34 лица обвинети поради непочитување на забраната и посебен режим за движење на територијата.

Од Обвинителството велат дека лицата за време на полицискиот час биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат соодветни дозволи за движење.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за секој од обвинетите да изрече паричнa казнa во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

извор: Makfax