Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 461 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 60 санкции, 38 за нерегистрирани возила, 19 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 26 за користење на мобилен телефон. Изречени се 13 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 24 за управување под дејство на алкохол, 29 мерки за непрописно паркирани возила и 22 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

извор: Makfax