x

Кадиз ја почувствува моќта на Атлетико (М) (ВИДЕО)

atletiko-radost

Со нова убедлива победа, овој пат над Кадиз со 4:0 момците на Чоло Симеоне се израмнија на врвот на табелата со Реал Сосиедад иако имаат еден меч помалку од тимот од Сан Себастијан. Атлетико (М) доминираше од почеток до крај на вечерашната пресметка на „Ванда Метрополитано“, а гостите конечно ја почувствуваа тежината на настапите во Ла Лига, откако имаа брилијантен старт особено на гостувањата, но сега веќе изброија и трет сезонски пораз.

Атлетико отвори со голот на Жоао Феликс по само 8 минути игра, за во 22. минута Маркос Љоренте да ги поведе домашните до предност од 2:0 на полувреме.

 

На стартот на вториот дел својата голгетерска моќ ја покажа и годинешното засилување за „јорганџиите“, Луис Суарез, кој во 51. минута по асистенција на Феликс погоди за 3:0.

За поразот на Кадиз да биде убедлив се погрижи младата домашна ѕвезда Феликс, кој со вториот свој гол вечерва ги постави конечните 4:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата