Каде Шекс – таму итна помош
За цело време на неодамнешниот престој на претседателот на Хрватскиот парламент Владимир Шекс на Турција, во колоната возила се наоѓаше и брза помош. Тој пред извесно време имаше инфаркт, па добро известените домаќини, за секој случај, го “честеа” со мобилна медицинска екипа.