x

Кавизел со прва победа и тоа на местото на кое неговиот идол доживеа несреќа

kavizel

Изненадување во машкиот дел од Светскиот куп во алпско скијање. Швајцарецот Мауро Кавизел дочека да се израдува на првата победа во Светскиот куп. Тој иако има многу подиуми во кариерата, дури на 32 години ја запиша првата победа. Тој триумфираше денеска во супервелеслаломот во француски Вал д’Изер откако за 0,10 секунди беше подобар од Норвежанецот Адриан Смисет Сејерстед и за 0,54 секунди подобар од Австриецот Кристијан Валдер.

Победата на Кавизел дојде на посебно за него место на француските Алпи. На Вал д’Изер пред 19 години, неговиот скијачки идол Силвано Белтрамети доживеа несреќа во спустот и остана парализиран. А Белтрамети му е ментор на Кавизел, а двајцата доаѓаат од Грабинден регионот во Швацарија.

Трките продолжуваат утре во Вал д’Изер, а на програмата е спустот. Потоа караванот се сели во Вал Гардена во Италија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата