Евидентното несогласување на светските сили, кога е во прашање статусот на Косово, дојде до израз веќе на првта вчерашна редовна седница на Советот за безбедност на ОН. Амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, разлутен ја напушти консултативната седница за состојбата во Косово, откако остро го искритикува извештајот на Јоаким Рикер, кој позитивно ја оцени работата на УНМИК и косовските институции.

Тој го обвини Рикер дека проповеда независност на Косово место да го разгледува спроведувањето на резолуцијата 1244 за статусот на покраината: Некој да затвореше очи ќе помислеше дека зборува Марти Ахтисари а не Рикер.Седев карши него и му кажав што мисламм. Тој го повтори ставот на Москва за неопходноста од продолжување на преговорите за идниот статус на Косово. САД веднаш одговорија со противудар и го отфрлија барањето на Русија за смена на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари, кој официјално предложи “надгледувана независност” за покраината.

Претседателката на српскиот Координативен центар за Косово Санда Рашковиќ-Ивиќ изјави дека во Совет за безбедност нема да дојде до расправа и разолуција за Косово.Таа оцени дека предлогот на Марти Ахтисари: “Не може да го помине ниту основниот правен елиминационен тест, бидејќи не почитува ниту еден акт донесен од Обединетите нации: Повелбата, Хелсиншкиот завршен акт и Резлоуцијата 1244”.