Физички напад и физичка пресметка биле пријавени вчера во кавадаречката полиција, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Синоќа во 20 часот во Полициската станица   Кавадарци, К.Д.(68) од Кавадарци пријавила дека околу 13 часот била физички нападната од З.П. и П.П, соопшти Додевски.

Претходно,  околу 14 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улица во Кавадарци, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓуМ.П.(49) и С.П.(49) од една страна и М.П.(67) од друга страна. По целосно документирање  на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.