Измамата од типот “Арапот и сообраќајката” и натаму зема “жртви”. Така деновиве, а тоа го регистрирала и полицијата, во Кавадарци е измамен и седумдесет и едногодишен старец. Настанот, според пријавата, се случил на улицата “Илинденска” околу 14 часот. Критичното време, две непознати лица го пресретнале М.С. од Кавадарци. Непознатите од кои едниот се претставил дека е од Прилеп, му рекол на старецот дека, наводно, му требало помош оти тој направил сообраќајка со лицето што стоело со него, а кое што било од Сирија. Прилепчанецот на лековерниот кавадарч анец му рекол оти двајцата се договориле да не повикуваат полиција и дека тој ќе му ја надомести штатата на странецот во евра. Но, бидејќи наводно не ги разбирал многу парите, Арапот му рекол еврата да ги разменат во долари. Така старецот паднал во лага и му ги дал еврата. Потоа двајцата измамници заминале секоја на своја страна за како што му ветиле на М.С. да ги разменат парите а тој останал да ги чека. Откако не дошле ниту по два часа чекање, за колку што му било потребно да сфати дека е измамен, М.С. случајот го пријавил во полиција. (К.Ѓ.)