Руската ѕвезда на спортската гимнастика Алина Кабавеа ја жртвуваше својата приватност за да се врати повторно на активните натпреварувања. Оваа 22-годишна олимписка шампионка по повлекувањето во октомври 2004, својот кам-бек го најави на Светското првенство во Баку минатата година, но мораше да се откаже од настапот поради неуспехот да ја достигне топ-формата. Кабаева по Игрите во Атина го напушти спортот и сакаше да му се посвети на актерството, па дури најави снимање на филмови. Но, нејзиниот холувудски сон брзо се распрсна и таа и се врати во спортската сала, цврсто решена да продолжи со гимнастиката, посветувајќи и поголем дел од својот ангажман. Тоа беше и причина Алина да се раздели со својот долгогодишен вереник Давид Муселиани. Љубовната романса меѓу гимнастичарката и мајорот во милиција траеше цели три години и сите беа убедени дека ќе заврши со свадба. Наместо тоа се случи обратното.
Последнава година Калина поголем дел од времето го минуваше на тренинзи во спортската сала и на справите. Разбирливо тоа се одрази на интимата и однесувањето и логично дојде до разделба, иако Алина тврди дека ќе остане блиска пријателка со Муселиани. Интересно е што Давид не страдаше долго и деновиве е забележан во друштво на артистката Ана Горшковој.