Се ближи финалето на најгледаното шоу во регионот “Твоето лице звучи познато”, кое кај нас се емитува на телевизија Сител, и кога ќе дознаеме кој ќе ја освои наградата од 25.000 евра и ќе ја проследи во хуманитарни цели.

Но, како се наближува крајот така сите натпреварувачи сакаат да бидат што помаестрални и подобро запаметени, а засега според вкупниот број на освоени поени во водство е Јелена Гавриловиќ, а веднаш зад неа е Бане Моичевиќ. Но, се чини, дека Неда Украден е најнезадоволна од улогите што досега, во текот на изминатите десет епизоди, ги добиваше.

Пејачката, како што неодамна објавија српските медиуми, направила вистински скандал и им се заканила на продуцентите на ТЛЗП дека ќе го напушти шоуто. За да ги смират страстите и да и удоволат на Неда, таа стискајќи го тастерот за следната недела ја доби, односно и се “падна”, имитацијата на толку посакуваната Мадона, а не улогата на Лучијано Павароти.

Имено, според првичната поделба на улогите во полуфиналето требало да биде Павароти, но кога дознала дека треба повторно да се најде во машка улога, почнала да им вика на организаторите и да се заканува дека ќе го напушти шоуто ако не и доделат некоја секси улога.

“Неда извлече во полуфиналето да го имитира оперскиот пејач Павароти. Во тој миг почна да вреска, прашуваше дали намерно и даваат машки улоги и така ја саботираат. Велеше дека не сака повеќе машки улоги, дека и е доста да ги глуми колегите. Долго се расправаше со продуцентите и се закануваше дека ако не ја сменат одлуката, ќе го напушти шоуто, а тие нека им објаснуваа на медиумите и публиката зошто и како дошло до тоа. Врескаше: ‘Не сакам веќе да бидам Шабан, Павароти, сакам да бидам, да речеме, Мадона’. Навистина беше лута! Останува продуцентите да размислат и да видат што ќе направат по тоа прашање”, изјави пред неколку дена добро информиран извор.

Важно дека Неда си го истерала своето, машката улога ја трампала за женска и во недела вечер ќе ја видиме во улогата на Мадона.

Ова не е прв пат пејачката да се расправа околу имитациите, веќе еднаш направи скандал кога со Иван Јефтовиќ требаше да се најдат во улога на Аца Лукас и Ивана Селаков.