Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави оти очекува дека ќе биде отворена дискусија неговата земја да излезе од членството во европскиот блок доколку Велика Британија на референдумот во јуни донесе одлука за излегување од ЕУ.

Според резултатите од анкетата на агенцијата СТЕМ, објавени во октомври минатата година, три петтини од Чесите изјавиле дека се незадоволни од членството во ЕУ, а 62 отсто најавиле дека на референдум би гласале против останување во ЕУ.

-Ако Британија ја напушти ЕУ, по неколку години можеме да очекуваме дискусии за наше заминување. Влијанието може да биде многу големо, рече Соботка за чешката агенција ЧТК.

Тој смета дека евентуалниот “чекзит” би можел да предизвика економски и безбедносни проблеми и враќање под руската сфера на влијание.