x

И Хајдук со своја “Ла Масија“, хрватскиот гигант со проект на векот!

Хајдук,хрватскиот гигант и еден од најголемите клубови на овие простори, дел од “големата четворка“ во екс – СФРЈ, објави дека во наредните две години ќе изгради свој камп, вистинско фудбалско чудо и тоа на 25 километри од Сплит, во близина на Трогир.

Раководството на сплитските “били“ го нарече овој камп како свој проект на векот, иако уште не се знае во детали финансиската подлога, секако дека ќе чини десетина милиони евра.

Значи Хајдук ќе ја добие својата “Ла Масија“, по примерот на Барса, како и по примерот на повеќе клубови во светот. На овие простори такво нешто има и наш Вардар, клуб кој во последно време е во хаос.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата