x

И Фатих Терим е заразен со корона вирус

Најпознатиот турски тренер Фатих Терим објави дека е позитивен на тестот за корона вирус но исто така додаде дека е во добра состојба и се лекува.

„Тестот што го направив денеска е позитивен. Во добри раце сум во болница. Не се грижите. Ќе бидеме во постојана комуникација“, се обрати Терим до своите фанови.

Покрај Фатих Терим, позитивни на корона тестот од Галатасарај се уште Хасан Шаш и Умит Давала.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата