Сè повеќе гости доаѓаат во познатиот белградски хотел, каде се одржува свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ.

Пристигнувањето на Владан Лукиќ е особено интересно бидејќи поранешниот фудбалер на Црвена звезда, а подоцна и претседател на клубот, некогаш беше во врска со Цеца Ражнатовиќ. Лукиќ исто така беше првото момче на Цеца за кое јавноста дозна. 

Владан Лукиќ со сопругата

Тогашниот популарен фудбалер и ветувачка пејачка започна да се забавуваат во 1989 година, кога Светлана започна да го отвора патот кон ѕвездите во Белград, а Лукиќ веќе беше познат како играч на Црвена звезда.

Тамам тргнаа приказните за вридба и свадба, кога Лукиќ отиде да служи воен рок, што доведе и до нивно разделување во 1990 година.