x

И тоа се случи: Цела репрезентација се зарази со Ковид-19

boxing

Целиот германски боксерски тим, поточно 25 од нив (18 боксери и седум тренери) се заразени со коронавирус, пренесува ХИНА.

Ова го потврди и спортскиот директор на репрезентацијата, Михаел Милер, изјавувајќи дека некои од заразените имале благи симптоми на болеста, но дека повеќето од нив биле без симптоми. Сите заразени се моментално во карантин во еден хотел, каде ќе престојуваат во следните 14 дена.

Бидејќи се чувствуваат добро, репрезентативците имаат и лесни тренинзи. По враќањето дома, спортистите ќе бидат прегледани пред да продолжат со подготовките. Германската репрезентација се заразила за време на подготовките во Лангенфелд во областа Тирол, Австрија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата