x

И тоа се случи: Судијата свирна крај, па Јунајтед победи со ВАР (ВИДЕО)

junajted-brajton

Лудница од натпревар. Манчестер Јунајтед во својот втор настап сезонава во Премиерлигата дојде до својот прв триумф. И тоа на каков драматичен начин. На гостувањето кај Брајтон, Јунајтед победи со 3:2 и тоа со гол во 99.минута и тоа преку пенал. Прво беше покажан дека мечот заврши, но според новите правила тој има право да покаже на пенал откако ја виде ситуацијата,и тоа го направи иако претходно свирна крај. Бруно Фернандеш во 99.минута релаизираше за победа.

Домашните го изненадија фаворитот во 40.минута и со голот од пенал на Меупај. Но на полувреме не се замина со водство на Брајтон, а за тоа е виновенд домашниот стопер Данк, кој во 43.минута си даде автогол за 1:1.

Во вториот дел гостите постигнаа гол уште во 52.минута, Рашфорд стрелаше но ВАР го поништи тој гол. Рашфорд како да се налути, па три минути подоцна по една прекрасна соло акција успеа да стрела за 2:1, за водство на Манчестер Јунајтед. Следуваа напади на домашните, во 76.минута ја погодија и пречката, а во 90+3 Де Хеа фантастично одбрани. Но не и во 90+5.минута кога голманот на Јунајтед капитулираше за 2:2.

И потоа се случи лудницата…во 99.прво крај, па пенал, па победа за Јунајтед.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата