Дали би дале речиси 200 евра за тепих на кој го има ликот на најпопуларнат апејачка во регионот, Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Токму толку чини споменатиот тепих кој се продава на една страница за бесплатно огласување и за кратко време стана хит на социјалните мрежи.

Корисниците на Фејсбук, Твитер и Инстаграм се шегуваат со сопственикот на тепихот, кој реши на лесен и брз начин да дојде до пари со помош на ликот на пејачката.

Фановите на Цеца оставаа коментари во стилот на нејзините песни, а се јави и пејачката, која кажа дека не гледа ништо лошо во потегот на продавачот, кој решил да заработи некое евро плус.