Во Италија во малата општина Лезина со 6.000 жители на изборите имало само еден кандидат и тоа на партијата „Лига“, Примиано Ди Мауро, но и тоа нема да е чудно ако тој не ги загубеше изборите.

За резултатите да важат неопходно е да гласаат најмалку 50 отсто од избирачите, но во оваа мала општина само 49 отсто од нив излегле на гласање.

Со тоа победата која навидум изгледала сигурна, имајќи предвид дека немало конкуренција, се претворила во бизарна и веројатно единствен пораз, бидејќи немало противкандидат.

Печатот кој известува за овој случај пишува дека победиле оние кои ги бојкотирале изборите, т.е не го искористиле своето демократско право да гласаат.

Апстинирањето било фаворизирано, во овој случај, од две групи политичари „Поинаква Лезина“ која е блиска со партиите од десниот центар и втора група „Но Кворум“, по политичко убедување блиска до Демократската партија.

Имајќи предвид дека не е избрана локална влада, гратчето Лезина ќе биде водено од т.н „комесари“.