x

И Тевез “тресеше“ за Марадона, се потоа беше неважно… (ВИДЕО)

tevez-maradona

Прослава за иконата на фудбалот, прослава за Марадона кој минатата недела на 60-ет години почина. Карлос Тевез, еден од најпознатите фаци во фудбалска Аргентина, некогашен репрезентативец, синоќа го чекаше моментот да се прости од својот голем пријател со гол, и го дочека. Имено напаѓачот на Бока Јуниорс во меч од Копа Либертадорес, постигна гол против Интернационал од Порто Алегре.

Карлито потоа го соблече дресот на остана во “десетката“ на Марадона која ја носеше во Бока. Ја бакна капитенската лента на која исто така беше фотографиран Диего.

Емотивно…

По потегот на Карлито се потоа беше неважно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата