x

И Спалети во „игра“ за Фиорентина

spaletti

Лучијано Спалети би можел да биде идниот тренер на Фиорентина. Искусниот стратег, кој во минатото работеше во Рома, Интер и Зенит, бил подготвен за преговори за превземање на „виолетовите“.

Тимот од Фиренца лошо ја стартуваше сезоната, и токму од тука бара тренер. Име кое се споменуваше е и Маурицио Сари, но наводно кружи името и на Масимилијано Алегри кому му „здосади“ одморот откако повеќе од една година е без ангажман.

Последна работа на Спалети му беше тимот на Интер, кој го напушти во 2019 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата