x

И Словаците одредија термин за рестарт на фудбалската сезона

Откако Чесите веќе објавија дека фудбалската сезона ќе ја продолжат на крајот на мај, денеска со потврда на планот за рестартирање на фудбалското првенство се јавија и Словаците.

Президиумот на Унијата на фудбалски клубови во Словачка, кој раководи со најсилното натпреварување донесе одлука првенството да продолжи на 6 јуни. Одлуката не е дефинитивна, затоа што треба да се сочека каква ќе биде реакцијата на здраствените власти околу состојбата со пандемијата.

Словаците се надеваат дека до крајот на мај ќе можат да се вратат со тренинзи, а веќе во првите недели од јуни да почнат со одигрување на натпревари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата