По одложувањето на гласањето во Хрватскито сабор за ослободување од притвор на Бранимир Главаш, тој завчера доживеа нов шок. Мајката Зора и братот Томислав при неделната посета во осиечката болница му донесоа лоша вест. Неговиот 16-годишен син Филип преку нив му порачал на татко му дека и тој ќе почне да штрајкува со глад, ако не престане да протестира со одбивање секаков вид храна.