x

И Премиер лигата ќе продолжи пред празни трибини, но со бесплатни тв-преноси

По примерот на Бундеслигата, и англиската Премиер лига се подготвува за враќање со натпревари од првенството и тоа зад затворени врати. Во обид да се намали ризикот од повторно ширење на Ковид-19, раководството на Премиер лигата ќе оди на овој чекор, со тоа што на навивачите ќе се обиде да им обезбеди бесплатни тв-преноси на слободните тв-канали.

Раководството на лигата за весникот „Сан“ потврди дека се во разговори со владата во врска со покажувањето фудбал во живо на „free-to-air“ телевизиите веднаш штом сезоната продолжи.

Секретарот за култура, Оливер Дауден, потврдил дека се размислува да се прикажуваат средбите на бесплатни канали на телевизиите BBC и ITV.

Со тоа ќе се намали потребата од групирање на навивачите и секој во своите домови ќе може да ги гледа средбите на омилениот тим.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата