x

И официјално: Сезоната 2019/20 во Италија заврши, „отсвирен“ е крај во кошаркарското првенство!

Најавите се остварија. Во Италија заврши и официјално кошаркарската сезона 2019/20. По денешниот состанок во тамошната федерација, одлучено е да се „отсвири“ крај за оваа сезона која беше стопирана пред месец дена поради Ковид-19.

Џовани Петручи, првиот човек на Серија А истакна дека најважно е да се заштити здравјето на спортистите, судиите, тренерите, и сите оние кои се директно вклучени во организацијата на еден натпревар. Во официјалното соопштение не се нагласува дали ќе биде прогласен шампион.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата