x

И официјално: Петар Петковски уште една година во Работнички!

Петар Петковски, еден од најдобрите фудбалери на Работнички во изминатите две години, останува во Градски парк, и во наредната сезона одново ќе го носи дресот на “романтичарите“. Да потсетиме дека на офанзивецот договорот му истече во јуни, имаше и понуди да ја продолжи кариерата надвор од Македонија, сепак тој на инсистирање на стратегот Ратко Достаниќ одлучи да остане во Градски парк.

Па така викендов и официјално стави потпис на нов, едногодишен договор со нашиот втор најтрофеен клуб. Тоа значи дека сега на Работнички му останува да ангажира уште два класични шпица, и со тоа да го комплетира тимот со кој Достаниќ ќе јуриша на горните места на табелата во ПМФЛ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата