x

И официјално: Македонија остана 65-та сила во светот според ФИФА листата!

fifa-lista-nova-slika

Со еден ден задоцнување, поради смртта на Диего Марадона, утринава ФИФА ја објави официјалната ранг листа за месец номври. И покрај пласманот на ЕВРО 2020, нашата најдобра репрезентација остана на 65-тото место во светот, таму каде што и беше за минатиот месец. По победите над Грузија и Естонија, но и поразот од Ерменија, нашата репрезентација заработи само шест поени, па така мора да се задоволиме со тоа дека немаме напредок на оваа листа на ФИФА. Но тое најмалку важно, ние сме на ЕВРО 2020, се друго сега е споредна работа.

Кога сме кај ривалите во нашата група на ЕВРО, најдобро пласирана на листата е селекцијата Холандија која се најде на 14-тата позиција, следува Австрија на 23-тото и Украина на 24-тото место.

За месец ноември на врвот е селекцијата на Белгија, таа и беше прва, исто како втората Франција и третиот Бразил.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата