Еден од најдобрите НБА играчи, кошаркарот на Клиперс, Пол Џорџ, ја запроси својата долгогодишна избраничка Данијела Рајиќ.

Српската Ким Кардашијан и славниот кошаркар одлучија својата љубов да ја крунисаат со брак.

Снимките и фотографиите од овој романтичен предлог ги преплавија социјалните мрежи. Данијела доби скапоцен дијамантски прстен, а веридбата се славеше со хитовите на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Данијела и Пол имаат две ќерки Оливија и Наташа, но нивната љубовна врска не била секогаш идилична. Напротив…

Двајцата се запознале во Мајами во 2015 година. Во тоа време, Даниела работеше како го-го-танчерка и стриптизета. Се гледале неколку месеци пред да се открие дека Даниела е бремена. Пол Џорџ тврдеше дека Оливија не е негово дете, но Даниела го тужеше кошаркарот на суд. ДНК-анализата утврди дека Џорџ е татко на девојчето.

Даниела тогаш го тужеше Џорџ, бидејќи тој наводно и понудил милион долари за абортус, но таа подоцна ја повлекла тужбата.

Тогаш кошаркарот возврати ударот. Тој ја тужел убавата Србинка и барал да биде старател на девојчето. Тие долго време севлечеа по судовите, па се согласија да го делат старателството.

По некое време, тие ја обновија својата романса и во ноември 2017 година, ја добија другата ќерка, Наташа.

Денес, Данијела е најголемата поддршка во животот на Џорџ.